RE.SOURCE – Контролер на вода со технологија што е оптимизирана за безбедност 

Интелигентно намалете ги оштетувањата од водата 

Оштетувања од водата од водовод, настануваат почесто отколку штети од пожар или невреме. Пукнати цевки, спојки кои пропуштаат, дефектни приклучоци на машината за перење – причините се разновидни, а последиците најчесто се многу сериозни. Се уништуваат Ваши драги предмети или важни документи, а поради влагата брзо се формира мувла које е опасна по здравјето. Потоа е неопходно санирање кои чини многу. Покрај договарањето со водоинсталатерот, исто така и договарањето со осигурителната компанија ќе ве чини време и нерви. 

RE.GUARD го штити домот, намалувајќи ги последиците од оштетувања од вода, благодарение на модерната техника. Бидејќи, системот со премиум дизајн, сигурно ќе интервенира пред да се случи нешто полошо. 

Вашите предности со интелигентниот контролер на вода 

1.Се инсталира брзо и едноставно 

Без оглед дали станува збор за новоградба, реновирање или надградба: RE.GUARD има компактен дизајн, па Вашиот мајстор може да го вгради брзо и лесно. Исто така и поставувањето се одвива во неколку потези, благодарение на интуитивниот помошник за инсталација. 
 2.Сè е под контрола 

Со RE.GUARD апликацијата, контролирајте го водоводот од секаде и добивајте пораки на паметниот телефон во случај на аномалии. 

Сè со еден поглед 
Во ажурираниот преглед на статусот, во секое време гледате дали е сè во ред со Вашиот водовод. На овој начин, секогаш сте информирани и можете да уживате во чувството на безбедност. 

Секогаш информирани 
Доколку контролерот на вода открие истекување, ќе бидете известени преку насочено известување – зависно од избраниот режим може да одлучите дали да се блокира или не. Во случај на детектирано пукање на цевка, RE.GUARD самостојно се исклучува. 

Заштеда на вода 
Апликацијата детално ја прикажува дневната потрошувачка. На пример, може да видите во кој час колку вода трошите и со тоа може да откриете за што трошите особено многу и, доколку е потребно, да намалите. 

3.Уникатна безбедност 

Со техниката на ултразвучно мерење, радио-стандардот Z-Wave и батериите за итни случаи, уживајте во максималната заштита. 

Комплетно безбедно – и кога не сте дома 

Помалку грижи, повеќе слобода 

RE.GUARD работи комплетно самостојно и независно препознава пукнати цевки и истекувања на капки во водоводот. 

Сигурна заштита во секое време 

Автоматското исклучување интервенира дури и без функционална интернет-врска и автоматски го заклучува водот во случај на пукање на цевката. Благодарение на батериите за итни случаи, RE.GUARD функционира дури и во случај на прекин на електричната енергија. Сигнализаторите за вода што се поставуваат бесплатно се грижат за дополнителна заштита. 

Секогаш вистинскиот режим 

Во апликацијата можете да дефинирате различни режими за Вашето присуство и отсуство, така се дефинира соодветното сценарио за секоја ситуација. 

4.За сите 

За сите домови за едно или две семејства, без оглед дали станува збор за новоградба, реновирање или надградба. А благодарение на компактниот облик, можна е монтажа и во ограничени простори. 

RE.GUARD контролер на вода 

Помага во детектирањето пукнати цевки и истекувања капки и го исклучува водоводот во случај на оштетување. Дополнително, ја мери потрошувачката на вода и дозволува рачно исклучување и вклучување на водоводот. Монтажата се одвива директно по водомерот, уште пред филтерот за вода во домот. 

RE.GUARD сигнализаторот за вода  Преку радио-стандардот Z-Wave, сигурно се поврзува со контролерот на вода и детектира вода што истекува во критичните подрачја. Сигнализаторите за вода опционално може да се постават во целата куќа и да се опремат со продолжен кабел за тешко пристапните места.  Може да се порачаат дополнително на: www.rehau.com/webshop    

RE.HUB портата 

Ги поврзува RE.GUARD уредите со интернет и лесно се приклучува на рутерот. 

RE.GUARD апликација 

Ги информира Вашите клиенти во секое време и насекаде на паметниот телефон и помага во препознавањето на одржливите потенцијали за штедење во потрошувачката на вода. 

 

Вака функционира паметниот контролер на вода 

  1. RE.GUARD помага во детектирањето пукнати цевки, како и истекувања капки во водоводот и ги надгледува просториите со сигнализаторите за вода. 
  2. Во случај на аномалии, RE.GUARD го блокира водоводот и Ве известува преку апликацијата. 
  3. Скапите оштетувања, мувлата и нематеријалните загуби се минимизираат, а ќе се спречи и гневот што одзема време при објаснување со осигурувањето. 

Штедење при осигурување 

Оштетувањата од водата кај градежните осигурителни компании ги предизвикуваат најголем број од трошоците3. Интелигентниот контролер на вода се грижи за минимизирање на штетите пред да се случи нешто полошо. Затоа, профитирајте со вградена заштита од истекување кај неколку осигурителни компании со поволни премии. Распрашајте се кај Вашето осигурување. 

Информации 

RE.GUARD – контролер на вода. Едноставен. Попаметен. 

Целосниот преглед на новитетот RE.GUARD контролер на вода Ви е достапен за преземање во нашата брошура.

078344119