Подно греење и ладење - Очекувајте повеќе од Вашиот дом со системот за подно греење и ладење од РЕХАУ.

Во својот дом не сакаме да се ограничуваме, ниту кога станува збор за идеи, ниту за комфор. 

Со подното греење и ладење на РЕХАУ може да очекувате повеќе од Вашиот дом. 

Повеќе комфор, повеќе место, повеќе квалитет на животот 

Подното греење и ладење на РЕХАУ Ви отвора голем број на можности. Очекувајте топлина што ќе се почувствува, но нема да се види. Тоа остава повеќе простор за сопствените замисли и индивидуално чувство на благосостојба. 

Ваши предности 

 1.Уживајте во целосната флексибилност 

За повеќе слободно време 

Подното греење на РЕХАУ не собира прашина, не мора да се лакира и при чистењето не создава тешко достапни агли. 

За сите видови подни облоги 

Без оглед дали станува збор за плочки, паркет, теписон или ламинат – подното греење на РЕХАУ е практично за сите видови подни облоги. 

За новоградби и реновирање 

Системите за подно греење на РЕХАУ импресионираат со нивните мали височини за монтажа и овозможуваат надградба според индивидуални димензии. 

 

 2.Поголем фактор на благосостојба – во секое време и насекаде 

Околу 90 % од нашето време го поминуваме во затворен простор. Соодветната температура одредува голем дел од нашиот квалитет на живот. Па зошто да се откажеме од удобноста и комфорот? 

Системот за подно греење и ладење од РЕХАУ, обезбедува рамномерна распределба на топлина во целата просторија. За разлика од поединечните радијатори, тоа ја загрева просторијата, топлината се дистрибуира насекаде и не настануваат ладни или премногу топли зони. Очекувајте пријатна клима во просторијата – без разлика оглед каде стоите или седите. 

Уште поголема удобност нуди индивидуалниот систем за контрола на просториите НЕА СМАРТ 2.0 (NEA SMART 2.0), што исто така Ви овозможува да ја регулирате температурата онлајн. 

 

 3.Очекувајте повеќе одржливост 

Во прилог на удобноста и флексибилноста, подното греење и ладење на РЕХАУ заштедува енергија. Тоа е добро за околината – а Вам Ви заштедува пари. Набавувањето не е поскапо отколку кај конвенционалните радијатори. Значи, зошто да се одлучиме за стандардно решение кога има повеќе одржливи решенија за истата цена? 

Кога станува збор за одржливоста, можете да очекувате уште повеќе од подното греење на РЕХАУ: Можете да го комбинирате со различни обновливи извори на енергија, како што се сончевата или геотермална енергија.  

078344119