НЕА СМАРТ 2.0 (NEA SMART 2.0) – Очекувајте повеќе од Вашето регулирање на температурата

Користиме модерни технологии во речиси сите области на нашиот живот. Зошто не и кај системот за регулирање на температурата во нашиот дом? Вистинската температура е одлучувачка за да се чувствуваме добро во домот. 

Како би било кога греењето би ја регулирало температурата целосно според Вашите потреби? Откријте го НЕА СМАРТ 2.0 (NEA SMART) 2.0: индивидуалниот систем за контрола на просториите, од кого може да очекувате повеќе. 

Повеќе предности 

  1. Секогаш вистинската пријатна температура 

Повеќе паметни функции 

Индивидуалниот систем за контрола на температурата во просториите НЕА СМАРТ 2.0 (NEA SMART 2.0) ја обезбедува соодветната температура во вистинско време, и тоа за секоја просторија одделно. 

НЕА СМАРТ 2.0 (NEA SMART 2.0) учи од Вашето однесување и како го користите греењето и автоматски се прилагодува – целосно без Ваша интервенција. А ако сепак сакате да интервенирате рачно, тоа е можно во секое време: или на самиот уред, од каде било во светот, преку апликација или преку гласовна контрола преку Амазон Алекса (Amazon Alexa). 

  1. До 20% заштеда на енергија  

Заштедете повеќе енергија со геофенсинг 

Нашиот паметен телефон знае точно кога ќе пристигне возот, автобусот или сервисот за достава – зошто да не може и нашето греење? 

НЕА СМАРТ 2.0 (NEA SMART 2.0) го овозможува тоа. Благодарение на геофенсинг технологијата, НЕА СМАРТ 2.0 (NEA SMART 2.0) го вклучува греењето само кога сте дома – или сте на пат кон дома. Ова штеди енергија и ја штити околината. 

Монтажата е исклучително лесна за инсталатерот. Практично се вклопува во секој основен орман и е подготвена за употреба во само неколку чекори. 

Кога сте дома, НЕА СМАРТ 2.0 (NEA SMART 2.0) ја поставува Вашата пријатна температура. 

Кога излегувате од дома, НЕА СМАРТ 2.0 (NEA SMART 2.0) ја намалува температурата и на тој начин штеди енергија. 

3. Висок квалитет, елегантен дизајн

Повеќе дизајн 

Нашиот дом го опремуваме внимателно и внимаваме на тоа дека сè му одговара на нашиот вкус. Исто така и овде може да очекувате повеќе од НЕА СМАРТ 2.0 (NEA SMART 2.0). Регулаторот на температурата има висококвалитетен изгле

4. Интуитивна контрола, исто така и преку апликација 

Повеќе комфор благодарение на гласовната контрола 

Дома често имаме полни раце работа – или сакаме целосно да се опуштиме во мир. Зошто да не ја контролираме температурата во домот со нашиот глас 

Без оглед дали готвите или се опуштате на каучот: Благодарение на гласовната контрола на НЕА СМАРТ 2.0 (NEA SMART 2.0), во секое време ќе може целосно удобно да ја регулирате температурата на просторијата со својот глас. На тој начин, нема да мора да станувате или да го оставите настрана она со кое што во моментот се занимавате. 

 

 5.Целокупен, долгорочен систем 

Повеќе пријатно чувство насекаде 

За нашиот дом сакаме сигурни решенија што му одговараат на нашиот живот. Од решенијата на РЕХАУ може да очекувате повеќе. Бидејќи сите компоненти – од цевките на подното греење па сè до регулаторот на температурата – доаѓаат од еден извор и совршено се координирани едни со други. Тие се флексибилни, долготрајни и сигурни. И нудат повеќе функции и комфор.

Инфомации 
 НЕА СМАРТ 2.0 (NEA SMART 2.0) – Секогаш вистинската пријатна температура 

Целосниот преглед на новиот систем за регулирање на собна температура НЕА СМАРТ 2.0 (NEA SMART 2.0)е достапен во нашата брошура.. 

078344119