СИСТЕМ ЗА БЕЗШУМЕН ОДВОД ВО ДОМОТ РАУПИАНО ПЛУС (RAUPIANIO PLUS)

МИРОТ Е ДЕЛ ОД КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТОТ

Ако не спиете добро, затоа што тоалетот од соседството се слева како порој, тоа не само што Ве чини ноќен одмор, туку влијае и на квалитетот на живеењето во текот на денот. Бучавата се доживува како посебно вознемирувачка. Особено во Вашите четири ѕида треба да владее мир и удобност за да можете да се опуштите од бурниот стрес на секојдневието.

Квалитет и мир  
Благодарение на системот безшумен одвод во домот РАУПИАНО ПЛУС (RAUPIANO PLUS) 

Планирање на удобност во живеењето  
Недостатоците во монтажата на звучната изолација најчесто не можат да се отстранат подоцна. Затоа, веќе во текот на планирањето на сопствениот дом, обрнете внимание на монтажа системот за безшумен одвод.  

РАУПИАНО ПЛУС (RAUPIANO PLUS) на РЕХАУ. 

РАУПИАНО ПЛУС (RAUPIANO PLUS) им става крај на вознемирувачките звуци од одводнувањето 
Со монтажата на системот за безшумен одвод во домот, субјективно перцепираното нивно на бучава во однос на стандардните одводни цевки значително се намалува и практично веќе не се забележува и тоа за секогаш. 

Системот уверува  

Предности со еден поглед 

Се грижиме за мирот!  
Испитувањата од официјално признаениот Институт за градежна физика Фраунхофер, Штутгарт, ги потврдуваат одличните својства на звучна изолација на РАУПИАНО ПЛУС (RAUPIANO PLUS). Системот за безшумен одвод во домот, ги исполнува највисоките барања за звучна изолација на DIN 4109, а оттаму и далеку поострите барања на VDI-директивата 4100, дури и во случај на големи количини вода. 

 

Гарантиран квалитет  
РАУПИАНО ПЛУС (RAUPIANO PLUS) е општо одобрен од градежната инспекција од страна на Германскиот институт за градежна технологија во Берлин, бројни одобренија постојат и во други европски земји. Системот за безшумен одвод во домот подлежи на континуирано обезбедување на квалитетот од страна на нашите сопствени лаборатории, а дополнително се одвива и редовно надворешно надгледување од страна на независни институти.  

 

Може да се потпрете на него!  
Повеќе од 50 години искуство во производството и преработката на полимерни материјали, ориентираност кон решенија и иновативна моќ, го направија РЕХАУ познат и му обезбедија на брендот РЕХАУ светско реноме. Веќе 4 децении РЕХАУ произведува цевки и спојни елементи за одвод во домот. Милиони метри од поставени цевки РАУПИАНО ПЛУС (RAUPIANO PLUS) зборуваат самите за себе. 

Искусен и докажан во пракса  
Благодарение на мазните внатрешни површини, цевките остануваат без наслаги, корозиите немаат никаква шанса. Хемиски отпорниот РАУПИАНО ПЛУС (RAUPIANO PLUS) може да издржи дури и вода што врие. Докажаниот принцип на вграден штекер обезбедува брзо, безбедно и чисто поставување на системот на цевки од страна на инсталатерот.

Еколошки, бидејќи има способност за рециклирање  
Цевките и спојните делови РАУПИАНО ПЛУС (RAUPIANO PLUS) се без халоген и се 100% способни за рециклирање. Поволната еколошка рамнотежа во текот на производството, обезбедува заштеда на  ресурсите. 

Атрактивен изглед  
Атрактивниот изглед го заокружува системот. Белата санитарна боја го прави РАУПИАНО ПЛУС (RAUPIANO PLUS) речиси невидлив местата каде што не е покриен.  

Економичен и со додадена вредност  
Поголемиот финансиски трошок за системот за безшумен одвод во домот РАУПИАНО ПЛУС (RAUPIANO PLUS), споредено со конвенционалните одводни цевки, кај едносемејна куќа чини само околу еден промил од вкупната инвестиција. Со ова ја зголемувате вредноста на Вашиот имот и за возврат добивате мир и удобност, цел живот.

Градете со РАУПИАНО ПЛУС (RAUPIANIO PLUS), бидејќи мирот е дел од квалитетот на животот.  
Разговарајте со специјалист за градежни работи. Тој со задоволство ќе обезбеди понатамошни информации за РАУПИАНО ПЛУС (RAUPIANO PLUS) и ќе направи конкретна понуда за Вашиот градежен проект 

Вака функционира РАУПИАНО ПЛУС (RAUPIANO PLUS) 

Бучавата произлегува од две компоненти, бучава во воздухот и бучава во структурата. РАУПИАНО ПЛУС (RAUPIANO PLUS) постојано ги намалува и двете. Благодарение на употребата на специјално изработени исполнувачки материјали, кои впиваат звук во цевките и спојните елементи, се намалува бучавата од воздухот. Патентираната технологија на прицврстување со високо ниво на изолација го минимизира преносот на бучавата во структурата предизвикана на ѕидот на кој е монтирана инсталацијата. 

078344119